речник контакт

Одисеј на Стефановски и Поповски, со врвни театарски имиња доаѓа на фестивалот Стоби!?

Претставата е копродукција на неколку познати театри од Марибор, Белград, Загреб, Нови Сад. Дали затоа вчера, во вторникот во Велес гостин беше Раде Шербеџија?

Петар Печков

 Спектакуларната театарска претстава ,,Одисеј,, ќе биде дел од годинашниот фестивал на античка драма,,Стоби,,. Ова е  информација до која дојде ТРМР.  Претставата Одисеј е по текст на Горан Стефановски кој пак ги користи мотивите на епот на Хомер, режијата  е на Александар Поповски. Претставата е работена како копродукција на Балкански признаените: Казалиште Улисес Хрватска, Гавела Загреб, Ателје 212 Белград, Словенско Народно гледалишче Марибор, Српско народно позориште Нови Сад и Театар на навигаторот од Скопје. 

  Во претставата настапуваат десетина актери, како Одисеј Озрен Грабариќ,Никола Ристановски како Тиресиј, Зевс  е Светозар Цветковиќ. Посејдон е Борис Исаковиќ,  Јасна Ѓурчич макјата на Одисеј, Анита Манќич како Пенелопа, Фрањо Дијак како Просјакот, Наташа Матијашец Рашкер  како Атина, Бранко Јордан како Телемах и Дијана Видушин како Кирка. Оваа претстава своајта премиера ја имаше лани на Бриони. Годинава таа пред да дојде на Стоби ќе учествува на престижниот Фестивал Стеријино Позориште. Музиката во претставата е на групата Фолтин, костимите на Марита Ќопо.

Во јавноста во градот најавеното доаѓање на овој спектакл, се поврзува со доаѓањето на Раде Шербеџија во Велес, како еден од продуцентите на претставата,  кој во вторникот  е виден на прошетка низ градот. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »